Овчарот Влатко од штипско: Најтешка професија е ова, но лубовта кон професијата ме одржува
Влатко Симов од Карбинци кој е на 67 годишна возраст е единствениот кој одгледува овци и вели после него тешко дека ќе има некој кој ќе се занимава со сточарство.
Овците ги чува сам, со нив е под отворено небо на сонце и дожд, љубовата е огромна и тоа е единствената причина поради која се уште ги чува овците. Исплатливоста е далеку од доволна, оти јагнињата се откупуваат како без пари, храната е скапа, а нема откуп ниту на млеко.
„Најтешка професија е ова, храна скапа, јагнето џабе го земат и нема откуп. А врнало, грмело, сонце печело мора да бидеме со стоката. Љубовта кон професијата ме одржува и ги чувам овците се уште, во спротивно не би ги чувал оти не е исплатливо.“ – вели Симов за Мнет ТВ.
Симов за трипати го намалил бројот на овци, сега има околу 130 кој ги пасе на нивите во Карбинци, од пролет до есен, а зимно време ги чува дома. Не е исплатливо да се плати овчар оти бараат високи плати, а нема ниту кој да работи.
„Јас овчар да платам за 130 овци не се исплаќа, да имам 400 овци може. Треба храна да му дадеш, да има услов за живеење, не е само да ги пасе.“ – додава Симов.