(ВИДЕО) Жив фатен на дело: Откриен човекот кој од иконите без срам ги собира парите и ги присвојува за себе

Денес се појави видео кое е снимена од безбедносните камери поставени во црквата Свети цар Константин и царица Јелена во Чачак.

Овој свет објект веќе неколку пати било ме та на провалници и повторно се случи недолично однесување, кога маж се доближил до иконата, ја бакнал и потоа ги зел парите кои биле таму.

– Долго време забележував дека некој ги зема парите под иконата, бев принуден да поставам камери. Она што го видов ме остави без зборови.

Тој човек доаѓаи долго се моли во овој храм, носи со себе бројаница во раката, што укажува дека е верник. Го побара мојот благослов да остане во црквата и доаѓаше неколку пати во текот на неделата, изјави свештеникот Миодраг Тодоровиќ, поглавар на црквата во Коњевиќи.

Провалникот веќе и е познат на полицијата, а веќе е осомничен дека упаднал во неколку манастири и цркви на територијата на градот Чачак.

Со себе носел шрафцигер со кој лесно отвора, како што се гледа на видеото, бил искусен и му биле потребни само неколку минути.

Како изледа моментот кога жив беше фатен на дело може да погледнете на видеото.