(ВИДЕО) Снимка која го расплака регионот: Колку години имаш – тли, дали ти е студен – да

Кога новинарската екипа ја посети Раковица во Сараево откри судбината на неколку дечиња и нивните сосед. Боси деца, без струја и вода, без храна, огревно дрво, облека и обувки, оставени сами да се снаоѓаат.

Девојката Вахида Сеферовиќ ќе наполни 15 години, била во Мостар каде просела, па ја фатиле и ја префрлиле во дом, а таа многу плачела, па по некое време ја вратиле кај родителите.

Научила да чита и пишува, а родителите сакале да ја запишат во училиште во селото, но рекле дека е премногу стара.

– Нема вода, нема струја, нема бања, немаме ништо овде. Децата нема каде да се бањаат. Моите четири деца одат на училиште овде во Раковица, без струја, без ништо. Немам никакви приходи, Општината не ми дава ништо – вели една тажна мајка.

– Тринаесет луѓе одат во 2 купатила, веќе не може вака… на овие деца им треба бања, но нема… Нема вода… а одат на училиште – низ полуотворената врата зборува млад човек од населбата.

Вахида би сакала да оди на училиште, да чита и пишува, да најде работа… Сите тие се обидуваат. Да живеат и да преживеат. Децата одат на училиште, а добрите луѓе понекогаш им помагаат.

На социјалните мрежи за кратко време се прошири видео од момче кое стои босо и без јакна на ладно и предизвика лавина реакции. Како што се испостави, станува збор за тригодишниот Емир кој живее во ромска населба.

Имено, новинарот прво го праша како се вика, а тој со тажен и тивок глас му кажа „Емир“. Потоа го праша колку години има, а тој, стоејќи бос на студот без јакна, рече „Тли“.