Голема радост во семејството на Филип Талески: Ќе се слави и прославува

Како што е позната Филип Талески реши по неколку години пауза да се врати од Германија и кариерата ја продолжи во Вардар каде што игра одлично.

Денес, македонскиот репрезентативец Филип Талески и ракометар на Вардар, по вторпат во животот стана татко и доби уште една ќерка.

Само еден ден по натпреварот против Вардар Неготино од Суперлигата, на кој Талески настапи, ја доби веста за приновата во неговото семејство.

Левиот бек и неговата сопруга Ена од пред неколку години се родители и на Софија, која секогаш е меѓу најверните фанови на Вардар и Македонија.

Меѓу првите честитки на социјалните мрежи за приновата на Талески, беше онаа на Нина Ристовска, сопруга на голманот Борко Ристовски, кој игра заедно со крушевчанецот во Вардар.