Да не си во нивна кожа, Васко од Струга вели: Знаеме дека ќе си легнеме, но не знаеме дали ќе се разбудиме

Лицата со механичка потпора на срцето се плашат за своите животи. Станува збор за пациенти чии срца не можат самостојно да работат, па мора во своите тела да носат еден вид пумпи на батерии или струја кои ја циркулираат кр вта.

Но, овие уреди имаат рок на траење од пет години. На десетина лица тој рок веќе им истекува, но од државата сè уште немаат најава дека ќе бидат повикани да добијат трансплантирано срце од поч инат донор.

Во последните три години поради негрижата на надлежните се упок оија десеттина вакви пациенти, велат од Здружението Храбро срце.

-Стапивме во контакт, јас лично со неговиот кабинет ми предложија да се сретнам во Охрид од нога да кажам народски на 13 октомври, но средбата не треба да се случи в кафеана туку во неговиот кабинет.

Дури имавме и две средби закажани со точно време, јас се појавив на лице место во најголемата ковид криза, но за жал министерот не можеше да не прими, изјави Васко Јолески, претседател на здружението „Храбро срце“.

-Знаеме дека ќе легнеме, не знаеме дали ќе се разбудиме пред се’ поради енергетската нестабилност во државата.Не само сега поради кризата,туку секако електроенергетскиот систем ни е трул во државава.

Ние мора да сме цело време на штрек ако случајно снема струја да мора се приклучиме на батерии или на друг извор на енергија генератори или кој како ќе се снајде, изјави Јолески.