Дунавка Трифуновска го повика Министерот Спасовски лично да се вклучи за случајот поради кој таа лично мораше да се огласи

Манекенката и модел Дунавка Трифуновска пред неколку дена се огласи на својот профил со посвета до Ана Антевска, новинарка од Сакам да кажама.

Драга Ана, По повод твојот нов нарачан текст на порталот на кој пишуваш а во кој е злоупотребена моја приватна фотографија и се изнесени лажни податоци со цел нарушуванје на мојот личен углед и достоинство со наведување на лажни факти како и секогаш, апсолутно демантирам дека:

1.Некогаш сум била нечија невенчана сопруга. Тоа не сум јас тоа е друга личност, сестра на актулелна началницка во Министерството за внатрешни работи.

2. Треба да си елементарно писмена за да провериш дали сум вработена во инситуцијата која ја споменуваш.

Не сум вработена јас, туку венчаните сопруги на двајца високи функционери на СДСМ, од кој едниот актуелен пратеник од Прилеп. Дали истите одговараат на профилот што се бараше во официјалниот оглас е друго прашанје.

3.Моите 2 (два) , а не 3 волонтерски договори кој овозможуваат и службени посети во странство, од кој еден за време на ковид-пандемијата ( кога двајца од вкупно четворица вработени не се присутни на работно место според ковид протоколи)не се против законски а резултатите од истите ги има во официјалниот извештај за работа на институцијата за 2021.

Бидејки превземаш неовластено фотографии од мојот приватен профил и мои лични податоци, пишваш ноторни лаги а притоа напоменуваш дека тоа се официјални податоци на Министерството за внатрешни работи јас јавно го повикувам Министерот да ги провери податоците изнесени во текстот

да ги соочи фактите и некој од нас за жал ќе треба да поднесе кривична пријава, бидејки да се работи оваа работа- да се известува а притоа да не бидеме спремни и двете страни да понесеме одговорност и да се соочиме со фактите е надвор од здравиот разум.

4.И за крај, дневниците што следуваат по закон за посети во странство се пристојни и не се вкупно повеке од 500 ( петстотини ) евра во денарска противредност ….и истите ги имам поклонето во дел од манастирите во нашата земја и на луѓето сто просат храна пред истите.

Ако притоа ги погледнеш моите два последни издадени пасоши од Министерсвото што го спомнуваш ќе видиш дека се целосно пополнети од приватни патувања во кој сум била а тоа се повеке од 40 земји и од секаде се враќам со награда или признанија за кој исто немаш доблест да пишуваш туку го употребувасе зборот старлета и сигурна сум дека не го знаес неговото значение.

Останатите мои донации се уредно пријавени во Министерството за правда, а имам доволно благодарници од десетици институции во кои сум ја покажала хуманата страна на мојата личност и притоа јавно не сум проговорила бидејки не чувствувам потреба дека треба да зборувам за своите мали хумани дела.