Експресна реакција на МВР: Пронајден познатиот македонски бизнисмен

Македонската полиција уште еднаш се покажа на висина на задачата и со експресна реакција е постигната целта

Семејството на бизнисменот Штерјо Наков вчера го пријави во полиција за исчезнат по што по некое време бил пронајден поранешниот акционер на „Фершпед“ чија дејност ја продолжија неговите синови.

По неколку часа потрага полицијата го пронајде познатиот бизнисмен Штерјо Наков кого семејството го пријави синоќа за исчезнат. Наков бил пронајден во селото Орешани во близина на Скопје.

Семејството, како што пренесува Телма, соопштило дека тој бил со нарушено здравствена состојба, но надвор од животна опасност.

Штерјо Наков беше 20 години директор на големата шпедитерска компанија „Фершпед“, која по приватизацијата прерасна во една од најуспешните фирми во Македонија.

Пред девет години се повлече од управувањето на компанијата.