Илчо по 10 години не е најбрзиот човек што јаде пастрамалија: Му попуштив малку на победникот, викам наше дете е

Натпреварот во брзо јадење на пастрамлија беше дел и од овогодинешното издание на манифестацијата Штипска пастрмалијда.

Тројца натпреварувачи на бината пред огромниот број публика ги покажаа своите вештини во брзо јадење. Рекородот оваа година не беше срушен, но забавата беше очигледна како за натпреварувачите, така и за публиката.

За 6 минути и 36 секунди прв пастрамалијата ја изеде Дарко Стојков, кој за првпат учествуваше во натрепварот за брзо јадење.

Второто место го освои Илчо Стојков, кој по 14 пат учествува на натпреварот за брзо јадење, а 10 пати го има освоено првото место.

„Учествувам 14 години, 10 години сум прво место, три години сум второ место и една година сум трето место и посакувам на сите најдобро. Оваа година ме победи братанецо, ама добро јас му попуштив малку, викам наше дете е.“ – вели Стојков.

Натпреварот се одвиваше пред почетокот на втората вечер на пастрамалијата, а победникот требаше прв целосно да ја изеде пастрмалијата. За учесниците беа предвидени и награди.

Третопласираниот доби ваучер од 1000 денари, вторпласираниот ваучер од 2000 денари и победникот ваучер од 3000 денари.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет ТВ.