Како на филм: Му влегле во викендичката во Дојран, му изле и испиле се, а кога газдата се вратил и видел што затекнал, останал без текст

Градот Дојран и населените места околу него важат за едни од најпосетуваните туристички места во нашата држава.

Ова особено важи за летниот период и топлите денови кога се бара кревет повеќе во ова јужно место од Македонија.

Со оглед на тоа што периодов, кога температурите се спуштаат ниско и провладува студот, поголем дел од сместувачките капацитет и приватните вили се затворени, без луѓе.

Деновиве во јавноста се рашири една случка, која се уште е неофицијална, но се погласно се зборува за нејзе.

Сценариото е како на филм, помалку за неверување, но како што велат добро упатени, истата се има случено.

Имено во една викендичка сместена во Дојран, газдата веројатно заборавил да го затвори еден од неколкуте прозорци.

Со оглед на тоа што не е сезона, тој не престојува во викендичката, нема гости, па само одвреме навреме наминува во нејзе.

Но кога решил да ја посети имал што да види. Цел фрижидер му бил испразнет, се било изедено и испиено, но се друго било на место.

Викендичката била исчистена, а на масата имало банкота од 50 евра и ливче хартија со благодарност: Тенк ју.