Кире Лазаров откри како пренесувал тегли ајвар преку граница додека играше во странство

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во историјата на овој спорт Кирил Лазаров деновиве а актуелна тема ширум европа откако објави крај на кариерата.

По повеќе од две децении професионален ракомер, безброј постигнати голови и освоени трофеи, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров објави дека заминува во пензија од активно играње.

Лазаров е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Спортист на Македонија за 2009, 2014, 2017, 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот Ѓорѓе Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македонија.

Лазаров започнал да тренира ракомет уште од најмлади години. На 13 години настапувал во младинската екипа на РК Овче Поле каде тренер му бил неговиот татко и Јанев како тренерски тандем.

„Со мојот покоен татко почнав, тој беше мојот прв тренер заедно со Иле Јанев. Играв десна крилна позиција пошто бев мал во раст и го носев број 7.

Мислев дека сите леваци треба да носат број седум тогаш ја засакав седмицата. Мојот татко беше многу добар играч, многу талентиран меѓутоа немаше храброст да направи чекор напред којшто го направив јас, да излезам од своето родно место.

Едно време кога јас одев по една нагорна линија игравме и заедно во Овче Поле. Тој беше елегантно пополнет, па од бековска премина во пиковска позиција. Голем допринос за самодовербата имаше мојот татко“, изјави Лазаров во Мастраф Муабет.

Лазаров на свои 14 години го направил своето деби за младинската репрезентација на Македонија, учествувајќи на Европското првенство во ракомет за млади во Израел во 1994 година.

На Светското првенство за млади во 1997 година, кое се одржало во Турција, Македонија го освоила 12-тото место, а Лазаров бил дел од тимот.

„20 години имам интернационална кариера. Имам пошверцувано доста тегли ајвар иако не е дозволено многу. Секаде кај што сум играл омилена храна е ајвар. Наоѓав начини како да се однесе поголема количина таму кај што играм.

Немав толку големи очекувања дека ќе сум тоа што го достигнав. Бев фан на Црвена Ѕвезда и сакав еден ден да заиграм во Црвена Ѕвезда тоа би било огромен успех, но во животот не треба да имате големи очекувања.

Многу поголем притисок сум имал како капитен на македонската репрезентација. Ние сме мала држава со големи очекувања, а треба да се носиме со една Шпанија, Данска“, заклучува Лазаров.