Комплетирано новото коло во македонскиот фудбал

Денеска се одигра уште едно коло во македонската фудбалска лига во коеШкендија беше домаќин, но мечот се играше во Струмица. Клучниот момент се случи во финишот од првото полувреме кога поранешниот фудбалер на Струга кој сега игра за тетовскиот тим, Клисман Цаке заработи црвен картон.

Цаке како последен играч во одбраната грубо стартуваше и заслужено доби црвен картон, Шкендија остана со фудбалер помалку.

Тоа брзо го искористи Струга, во 50. минута Млески постигна гол за водство од 1-0, а во 70. минута Бесарт Ибраими реализираше за победа од 2-0.

Покрај Струга, перфектен е и Шкупи, но тој има одиграно само два натпревари. Чаирчани денеска со 2-0 славеа на гостувањето кај Скопје. Хамиди во 4. и Данфа во 90. минута ги дадоа головите.

Брегалница со гол на Алтипармаковски од пенал во 55. минута ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Работнички со 2-0 славеше над Тиквеш. Рушевиќ и Гандо Биала во првото полувреме ги постигнаа погодоците.

Вчера Силекс и Академија Пандев одиграа 1-1, а ова коло слободна беше екипата на Победа

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *