Македонски Градоначалник цела година работeше за џабе: Сите пари од плата ги донираше

Со чисто срце и искрена намера, без ронка личен интерес, со челична воља да ги промениме работите на подобро – стапив во служба на граѓаните.

Не постои поголема чест од тоа во одреден период од животот да имаш можност со својата работа да им служиш на граѓаните.

Први ноември 2022 година е датумот кога се наврушува точно една година од превземањето на оваа функција, за мене обврзувачка: со посветеност,труд и најважно- со дела, да ја оправдам довербата од граѓаните.

Транспарентно, отчетно и јавно работам 365 дена, за кои јавно се одреков дека функцијата ќе ја извршувам без примање месечен надомест.
Затоа, целокупната сума од мојата годишна плата е донирана за изградба на детско игралиште во населба Маневци и за најмладите жители на ул.”8 Октомври”.

Од срце за моите паланчани, продолжувам да работам неуморно за нашата Крива Паланка да биде најдоброто место за живеење на сите генерации – порача Сашко Митовски,Градоначалникот на Општина Крива Паланка.