Мартин од Свети Николе е доказ дека од играње видео игрички може да се живее во Македонија

Единствениот македонски професионален е-спорт играч, Мартин Саздов кој е попознат под прекарот „Сакса“ дојде до врвот на својата играчка кариера во Дота 2.

Имено, тимот на Сакса, Тундра Еспортс го освои трофејот на Светското првенство во оваа видео-игра. Спектакуларниот турнир заврши во корист на Македонецот и неговите соиграчи, откако во финалето го „исчистија“ Тим Сикрет со 3-0.

Сакса кој е активен е-спортист од 2014 година успеа да дојде до најголемата почест во овој свет, трофејот на како што се нарекува Светското првенство кое е најголем турнир.

Патот до светскиот трон не беше лесен, Тундра Еспорт тргна со три ремија во групата, но турнирот го заврши без пораз. Последен пат ремизираа со Тхундер Авакен , за потоа со седум последователни победи да дојдат до трофејот.

„Д Интернатионал“ има неверојатен фонд за награди, поставен на речиси 19 милиони американски долари. Светскиот првак, во овој случај Тундра Еспорт добива 8,5 милиони долари.

Тоа значи дека Сакса, соиграчите и целиот тим ќе поделат неверојатна премија од овој турнир. Според проценките момчето од Свети Николе до пред Светското првенство имаше заработено околу три милиони долари од сите досегашни турнири, а сега фондот значително ќе се зголеми.

Ова беше трет настап за Сакса на Светското првенство. Во 2016 година играјќи за Дигитал Чоис заврши на второто место, а минатата сезона со двократниот светски првак ОГ заврши седми. Низ кариерата Сакса има три трофеи од големите Дота 2 турнири ширум светот, ама ниту еден не е ниту приближно до овој светскиот.