Менде од Австралија: Решив да собриам парична помош помеѓу Македонците тука за да донираме во Македонија, ама се разочарав

Како што е познато на 10 август минатата година, во Австралија беше спроведен редовниот попис на населението и домаќинствата, па македонската заедница на петтиот континент се мобилизираше за што помасовно пребројување на Македонците.

Бројот на лица во Австралија кои дома зборуваат македонски, по држави и територии: Нов Јужен Велс – 43,775 лица со македонско потекло, македонски дома зборуваат 28,091; Викторија – 49,429, македонски дома зборуваат 29,356 Квинсленд – 3,335, македонски дома зборуваат 1,386

Јужна Австралија – 1,817, македонски дома зборуваат 610; Тасманија – 133, македонски дома зборуваат 30; Северна Територија – 78, македонски дома зборуваат 19; Австралиска главна територија 1,458, македонски дома зборуваат 764.

Еден наш иселеник од пелагонискиот крај, Менде С. реши да сподели едно свое искуство од пред неколку години, поврзано со нашите на далечниот континент.

„Во Австралија сум веќе 25 години, тука школував и ги израснав моите деца на кои гордо им ги всадив македонските корени, па иако тешко, сепак разбираат и говорат македонски јазик.

Овде претежно низ годините наназад се дружам со круг на пријатели од Македонија, но и по некоја фамилија од Хрватска и Србија.

Сум членувал како помлад и во неколку културно уметнички македонски друштва овде во Австралија.

Пред некоја година решив да организирам една акција за собирање парични средства за помош кои имав во план да ги донирам во Македонија за реконструкција на една установа.

Си имав зацртано една сума на пари која планирав да ја соберам, но кога тргнав се соочив со реалноста и останав разочаран.

Оние кои даваа пари тоа го правеа со симболична сума од 20 до 50 долари (сума што за луѓе газди и добро ситуирани е смешна).

Ајде тие барем дадоа нешто, а имаше и тоа во голем број кои едноставно и отсечно ме откачија со зборовите: Немам време, не сум заинтерсиран за такво нешто.