Менче Точи упати јавна благодарност до МВР по она што и се случи, па порача: Упорноста се исплати

Менче Точи е добро познато име на македонската јавноста. Докажана новинарка со долгогодишен стаж која најмногу ја познава по сториите и темите од областа на здравството.

До неодамна таа беше активна со работата во Телевизија 24, но реши да ја заврши новинарската кариера откако се вработи во Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Точи беше доста активна на социјалните мрежи, пред се на нејзиниот фејсбук профил кој го следат голем број, но некако како да ја снема.

Па така со месеци немаше нова објава на својот профил, се до денес кога се огласи и откри со што се соочила:

Почитувани пријатели, Сакам да ве известам дека денес успеав да си го вратам профилот назад од ха керите, со големо залагање на МВР

(Оддел за комјутерски кр иминал и Агенцијата за заштита на лични податоци, Фејсбук успеа да ми го врати профилот, за што им благодарам.

е знам кој пустош е направен, но прво ги избришав постовите каде што во мое име си рекламирале криптовалути.

Да сме здрави и живи, ќе се гледаме на два профила или пак новиот може да згасне. Упорноста се исплати. Убав ден на сите