Наместо во училиште наставата ја следат во џамија

Како што е познато од 1. септември започна новата учебна година, но не сите ученици имаат исти услови за следење на настава.

Таков е случајот со учениците од Долна Лешница, општина Желино кои и оваа учебна година ја почнаа во селската џамија.

Иако неколкупати беше ветувано дека изградбата на училиштето ќе заврши наскоро, сепак, учениците и понатаму следат настава во просториите на џамија.

Жителите потсетуваат дека им било ветено дека за три месеци учениците ќе влезат во нов училиштен објект.

-Да, и понатаму учат во џамија. Не знам кога почнаа. Нема услови во џамија, но кога ќе се изгради училиштето ќе се префрлат таму.

-Џамијата е за молитва, а не за децата да одат на училиште. Оној од општина Желино рече – за три месеци ќе ја завршиме.

Помина една година, а тој не дојде да види дали нешто е направено во училиштето. Само со измами функционира ова. Не треба да зборуваш, туку да ја вршиш својата работа.

-Остави го тоа, требаше да го пуштат училиштето, учат во џамија. Детето не е за да учи во џамија, туку во школо. Тоа е, не знам што да кажам.

Пред една година почна да се гради училиштето, ќе дојдат еден час и ќе си заминат, демек работат нешто. Одамна треба да се работи и да се заврши.

Од општина Желино за ТВ 21 велат дека училиштето е во завршна фаза и дека наскоро учениците од Долна Лешница ќе влезат во нов објект.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21