Не има и тоа како: Објавена бројка колку Македонци има во Бугарија

Вчера во Софија бугарскиот Национален статистички институт ги презентира податоците од пописот на населението реализиран лани.

Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението.

Според објавените податоци, освен бугарската, турската и ромската етничка припадност има пријавено Помаци, Руси, Бугаро-мохамеданци, Ерменци, Украинци, Англичани, Каракачани, Власи, Евреи, Македонци, Татари, Италијанци, Полјаци, Романци и други.

Исто така, имало случаи на човек кој се запишал како марсовец, па и „табуретка“.

На новинарско прашање кои се другите етнички групи, сосема на крајот беа спомнати Македонци и тоа дека такво „чувство“ изразиле 1.143 лица.

Бугарската етничка група брои 5.118.494 луѓе, или тоа се 84.6 отсто од вкупното населени. Македонците од Бугарија постојано бараат да можат слободно да се изјаснуваат на пописите како Македонци, без да бидат заплашувани.

За потсетување при отворањето на бугарскиот клуб во Битола, бугарската потпретседателка Илијана Јотова рече дека во Бугарија нема Македонци.