Никола Груевски вечерва се огласи и упати јасна порака до Бугарија и Бугарите

Никола Груевски, некогашниот македонски премиер и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ кој сега е во Унгарија вчерва се огласи на својот фејсбук профил:

Реакција на ОМО Илинден на која треба да се замислат сите рационални политичари во Бугарија. Секој паметен политичар после четири национални ка тастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски во јни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија.

Би се запрашале дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија.

И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална кат астрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците како близок и пријателски народ и сосед, колку и ова малт ретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?

Отпорот или омра зата како што тие ја нарекуваат има причина. Неможе само Македонците да се вин овни за тоа бидејќи не се чуствуваат Бугари и не мислат дека нивните предци до 1944 година буле Бугари, зборувале бугарски јазик и имале бугарска историја.

Бугарија треба објективно, непристрасно и со политичари, аналитичари и историчари со “ладна глава” да го преиспита своето учество во таа причина.

Колку и да е тоа политички не опортуно во моментот за политичарите кај нашиот источен сосед, тоа е стратешки важно за нив и потребно е наместо примена на сила преку механизмите на ЕУ да применат повеќе мудрост и човечност.