Од ФФМ се огласија пред неколку моменти – упатија силна порака до македонските навивачи кои беа на мечот со Бугарија

Фудбалскиот меч помеѓу Македонија и Бугарија кој синоќе заврши со победа на соседите од 0-1 привлеч големо внимание, не од спортски, туку од поширок аспект.

Атмосферата на стадионот од поодамна не беш таква како што беше, но на крај гледачите си заминаа незадоволни од резултатот.

По последниот свиреж на австрискиот судија следа бура реакции од јавноста, како кај нас, така и од соседите за атмосферата.

Утрово дури нашето МНР ги искара македонските навивачи, а сега се огласија и од Фудбалската Федерација на Македонија од каде што порачаа:

Драги наши навивачи,Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.

Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.
Од првата до последната минута.

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена. До следниот натпревар