Панчо од ДНК без влакна на јазикот како никогаш до сега: Ситни души, срам да ви е

Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК на својот фејсбук профил сподели објава во која што вели:

До ФФМ, Фудбалска Репрезентација на Македонија. Кога ќе престанете да мешате политика, кога ќе престанете да менувате успешни селектори,
кога ќе престанете да ставате играчи по туѓи наредби и да изоставувате докажани фудбалери (Илија Несторовски) кои играат во многу подобри лиги.

Kога ќе престанете да си личите лични фр устрации и задоволувате сопствените ега на шт ета на сите нас вистински фудбалски фанови и Мaкедонци ( тука спаѓаат сите етнички заедници ) тогаш ќе го прифатиме секој пораз и од насјлаборангираната репрезентација на светот.

Со ла крдиите што ги направивте ја изгубивте можеби најбитната работа за еден тим, а тоа е хармонијата и хемијата кои се можеби и најбитните работи за еден тим да биде успешен, впрочем тоа го докажаа на Европското првенство.

Толку сте ситни души што не најдовте засходно да посветите 2мин и да го поздравите Горан Пандев , несомнено најдобриот фудбалер во изминативе 20 години, додека цел свет му се поклони за неговиот импакт и придонес на зелениот терен.

Момците не се криви секогаш ќе бидеме на нивна страна и во ло шо кога највеќе сме им потребни и во добро кога на сите ни е убаво, ама вие се додека тактизирате за лични интерес и репрезентацијата ја треторате како да е ваш сопствен клуб, а не на народот, ќе ве критикуваме.

Направивте и таа мала радост да ни ја тргнете за тотално да гледаме црно во и така прецрното секоидневие. Срам да ви е!!!