Познатиот македонски музичар: Драги пријатели, ова е дефинитивно моето збогум

Познатиот македонски диџеј Марјан Петровски попознат како Мац се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:

Драги пријатели, ова е дефинитивно моето збогум на ова место. Бескрајно го ценам вниманието што ми го посветивте особено во одредени моменти кои беа навистина забавни.

Јас немам намера да останам тука, ниту да се вратам, и, за среќа, можам да кажам дека немам ништо против никого, и не си одам поради некој стриктно.

Јас само ве молам да не ме барате, бидејќи нема да ме најдете, само оние кои ми се блиски мене ќе знаат како да ме најдат.

Сакам да ви објаснам дека чувството на добрина и пријателство за секој од вас ќе продолжи со текот на времето и ќе ми простите ако некако ве навредив.

Јас се повлекувам едноставно затоа што не припаѓам на ова место. Бидете добри, бидете среќни и ви посакувам се најдобро

Ова беше писмото на Ел Чапо Гузман во неговата ќелија кога избега од за твор.

Ви благодарим за вашето внимание и се извинувам, но сепак мене ќе мора да ме трпите и понатака