Познатиот македонски фудбалер: Тоа што имам бугарски пасош не значи дека сум Бугарин – јас сум Македонец

Македонско бугарските односи ни се добро познати на многумина колку што и тоа дека голем број наши Македонци имаа бугарски пасош.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Дарко Тасевски во интервју за бугарски „Блиц“ зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и одговори на прашањето дали се чувствува како Бугарин.

Некогашната „десетка“ на нашиот национален тим има бугарско државјанство, но одговори со „НЕ“, бидејќи дека е Македонец.

„Не, јас сум Македонец. Тоа никој не може да ми го одземе, роден сум таму. Ја чувствувам љубовта на луѓето овде кон мене, јас исто така ги почитувам.

Отсекогаш се трудев да бидам врска меѓу двата народа. Имав повици од политичари, ме поканија да помогнам за затоплување на односите. Но, не сакам да паднам во тие средини. Ме поканија политичари од двете земји – и од Бугарија и од Македонија.

Ги обвинувам поради тоа што до пред 3-4 години немаше толку голем проблем меѓу двата народа. Политичарите се замешаа и стана полошо. За жал, работите одат на полошо.

Се надевам дека нема да има ескалација на тензијата во следните натпревари меѓу двете земји“, изјави Тасевски.

Фудбалерот кој што во дресот на Славија Софија ја игра последната сезона во кареирата за Македонија настапи на 45 натпревари и постигна еден гол.