Поминал на црвено светло во Скопје, па двајца полицајци му побарале пари на рака за да го пуштат – МВР се огласи со детали

Од министерството за внатрешни работи попладнево информираат за настан од претходниот месец, а во кој се инволвирани двајца нејзини вработени.

Од Министерството за внатрешни работи за споменатиот настан иформирааат:

Одделот за внатрешна контрола, крим иналистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран кри минал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З.

Vработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кр ивично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ.

Имено, пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.