Приведеното лице за лажните дојави во скопските училишта е познат македонски инфлуенсер

Попладнево од Министерството за внатрешни работи се огласија со прес конференција по повод последните настани, а во истата се вели:

Приведено едно лице во врска со зак аните за бо мби во училишта во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (02.11.2022) го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со зака ните за поставени бо мби во училишта во Скопје.

Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија ант итерористи чките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со за кана за поставена бом ба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антит ерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

На инстаграм веќе започна да се споделува постови во кои се вели дека лицето Н.Н. е всушност човекот кој е еден од најпознатите македонски инфлуенсери, поточно профилот на Инстаграм, Боемот.

Засега овие информации не се потврдени, но истите се пласирани на профилите Патриотско друштво