Се наоѓаат на 15 км од центарот на Скопје, а живеат како во минатиот век: Пешачат за да дојдат до вода

За селото Кучково и тамошните животи веќе со години наназад, поточно две се пишува за она со што се соочуваат, а тоа е недостиг на вода, поради што се принудени да пешачат до селската чешма за да ги задоволат основните потреби.

Селото Кучково кое е во рамки на Општината Ѓорче Петров е оддалечено околу 15 километри од центарот на Скопје.

Жителите велат и покрај постојаните апели и проте сти за проблемот со немањето вода кои минатата година ги организираа, надлежните институции останале глуви на нивните барања.

Вода немаат, па единствен спас им е селската чешма од која секојдневно полнат туби со вода.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, за ТВ24 вели оти тоа е долгогодишен проб лем поради што од стапување на функцијата наложил да се изврши испитување на постоечките бунари во селото.

Но, бидејќи постојните капацитети не биле доволни, Кучковци и натаму немаат вода, Стојковски вели дека веќе е одредена фирма која ќе изврши ново бушење за да се надополни капацитетот на водоснабдителниот систем во селото.

Градоначалникот вели е запознат со про блемот ги разбира граѓаните и се надева дека Кучковци што побргу ќе добијат вода.

Инаку село Кучково, во кое живеат околу педесетина активни жители, веќе второ лето по ред се соочува со истиот про блем, тие се надеваат дека овојпат конечно надлежните ќе го слушнат нивниот глас, за како што велат, да можат да си ги задоволат основните човекови потреби.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24