Се огласи Стефан од болнички кревет, едно од спасените момчиња од провалијата со тешко сведоштво

Македонија во еден ден ја зафатија две големи не среќи на планина за кои беа организирани спасувачки акции.

Едната од нив беше во атар на Скопје, а за истата од ЦУК информираа тогаш:

Од БППЗ Град Скопје известуваат дека акцијата за спасување на две повредени лица кои излизгале со квад мороцикл од патот над вилата Принц во правец кон с. Алдинци од нивна страна завршила успешно.

На лице место било пратено едно возило со 4 пожарникари кои ги извлекле настраданите кои после тоа се проследени до здравствена установа. Екипата е вратена во базата во 21.35 часот.

Едно од тие момчиња, по име Стефан Спировски кој е познат фитнес модел се огласи од болнички кревет од Државната клиника во Скопје и објасни што се случило.

Сакам да ве известам за моја моментална ситуација. Бев со квадови на Караџица, со три квада бев. На враќање сакаше Илина да вози, тоа е другарката на сестра ми. Јас бев сувозач

Во една кривини излета и се тумбаве 50, среќа што имавме кациги. Се задржав на две гранки и така се држав 4 часа додека не дојдоа од пожарната и црвениот крст.

Потоа ме ставија во кревет и со дизалица ме вадеа нагоре. Имам скр шена рак и три ребра и мало ош тетување на црниот дроб. Ме снимија и имав опер ација околу 12 утрово. Сега кора размислувам можеше да биде и полошо, кажа Стефан на својот профил на Инстаграм.