Спасе: Не знам стварно кој ви е филмот да лепите пари на музика, а во исто врем луѓе немат леб да си купат

Секој ден гледаме и читам за се поголеми поскапувања на животот, како кај нас, така и ширум светот.

Со тоа сиромаштијата се повеќе се зголемува, а многу луѓе не можат да си дозволат и да си ги платат сметките и да си обезбедат нешто за јадење.

Еден наш читател, Спасе К. реши да си каже нешто што му лежи на срце, а кое е се повеќе застапено во јавноста.

„Струјата се качи, дрвата за огрев исто, водатата исто, млекото и млечните производи, лебот, маслото за јадење, буквално нема што не поскапе.

Во исто време гледам многу луѓе од моето опкружување како се повлекоа дома, ги нема да излегуваат, да се дружат, срамежливо изговоро им е дека немаат време.

А вистината е друга и многу јасна, а тоа е безпарицата и недостатокот на пари, па море да се штеди и да се врзува крај со крај.

Се повеќе луѓе гледам бараат помош преку социјалните мрежи да можат да си купат леб или да си ги подмират сметките и тоа многу ме допира во срце.

Но во исто време сум и ре волтиран од една друга појава. Гледам како многу луѓе, по веселби во кафани и локали лепат еден куп пари по музиката, по пејачите и свирачите.

Па добро бе луѓе, толку ли многу вишок пари имате, па и да ги имате верувам дека може рационално да ги потрошите, да помогнете на некој што навистина му треба. Почит и за тие музичари и пејачи, но сигурно тие така не дошле на свирка, некој им платил и имат хонорар.

Фото: Илустрација