Сузана заедно со својата ќерка Јована живее во една соба без вода и бања

Имање на топол дом, вода и струја, и пристоен оброк се сметаа за основните работи кој треба да ги поседува еден човек за да кажеме дека има основни услови за живот.

Се друго под тоа е голема нула и недостојно за еден човек, за жал ги има и тие случаеви и тоа во 21 век, да немаш вода, да се бањаш во корито.

Таква е судбина на семејството Брајковиќ кој го сочинуваат самохраната мајка Сузана и нејзината единаесетгодишна ќерка Јована.

Поради долг за вода, останале без истата, ова семејство нема приходи, единствена помош и е социјалната помош, а мајката работи каде ќе ја викнат.

– Се бањаме во корито, одиме 300-400 метри по вода за да донесеме, сега во зима ќе е уште поголем проблем, но се навикнавме.

– Јована оди на училиште, таа е шесто одделение, и покрај се таа е одличен ученик и е посветена таму, ми помага и мене не можам да сожалам, вели Сузана.

Сузана е бол на и не може да има стална работа, но сепак работи колку што може, сопругот заминал на другиот свет пред две години.

– Откако не напушти сопругот се почна да оди удолу. Кога беше тој исто така бевме во голема сиромаштија, но си бевме поткрепа еден на друг.

– Сега останав сама со мојата ќерка, морам да се бо рам со за неа, се додека дишам ќе бидам тука за неа, вели оваа храбра мајка.

Ова семејство го посети големиот хуманитарец Дејан Марковиќ, кој ја ислуша приказната на ова семејство и вети помош за истите.

Тој со својата екипа ќе започне изградба на тоалет, ќе се обиде да се санира долгот за вода и да може ова семејство да живее достојно.