Таткото и синот Ибрахим и Нехад се последните „мохиканци“ на својот занает во Скопје, но им следи неизвесен период

Длабоко во старата Скопска чаршија, во една подзаборавена уличка сè уште одекнува звукот од чеканот врз вже штениот метал. Таму се наоѓа една од последните ковачки работилници, „Мотика“.

Таткото Ибрахим Зеќир и синот Нехад Зеќир, со здружени, но веќе крајни сили го одржуваат занаетот што се пренесувал од колено на колено.

„Во занаетот сум веќе 60 години. Имам 72 години. Шеесет години го работам овој занает. Меѓутоа здравјето си го прави своето“, вели мајсторот Ибрахим.

Во минатото уличката била полна со занаетчии, а денес се останати само неколкумина. Синот Нехад е еден од ретките што сакал да го наследи занаетот. Денес има 48 години и сè уште е најмлад ковач во чаршијата.

„Поттик ми беше традицијата. Работеше прадедо ми, дедо ми, татко ми и јас можеби сум последна генерација. Љубовта за занаетот. Тоа ни беше. Завршив средно училиште, дедо ми тогаш се раз боле и јас почнав со него да работам“, објаснува синот Нехад.

Некогаш изработувале бројни земјоделски алати. Но, денес, ситуацијата е сосема поразлична. Бројот на земјоделците се намалил, а со тоа и побарувачката за ковачкиот занает.

„Денес само преработка на материјали. На пример, ќе дојде секира да исклепаме. Но, да направиме секира, не се исплатува. Нема веќе репроматеријали. Отпадите продаваат само лим. Железа, челик, веќе нема. Да се купи, пак, материјалот, поскапо е и не ни се исплати да го правиме“, додава Нехад.

Во низата препреки пред занаетите се надоврзуваат и најновите поскапувања. Занаетчиите стр авуваат за сопствената иднина.

„Веќе сме на изу мирање. Почнавме да ги затвораме дуќаните. Во оваа улица бевме сè ковачи. Останав само јас. Тоа е поентата. Што ќе направат понатаму, само тие знаат“, загрижено објаснува Ибрахим.

Работилницата „Мотика“ е само дел од бројните стари, но и модерни занаети чие опстојување е неизвесно поради економската кри за. Од Занаетчиската комора стра вуваат за масовно затворање на малите работилници и дуќани.

„Уште сега се соочуваме со затворање на тие бизниси и со тешка економска кр иза. Ако владата не преземе итни мерки за помош на овие дејности и бизниси, мислам дека 50 отсто од овие дејности ќе бидат затворени до Нова година“, посочува Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора на РСМ.

Целата сторија може да ја прочитата на Гласот на Америка на македонски јазик