Убавка од Штип јавно го крена гласот по она што и го направиле од ЕВН: Бара правда, а поднела жалба

20.000 денари со кои била во претплата ги изгубила штипјанка одкако екипа на ЕВН го променила струјомерот.

Револтирана таа изјави дека струјомерот и бил изваден во нејзино отсуство, а ЕВН во дворот и влегле без најава и дозвола.

„Струјата е исклучена, а тврдам дека имаме прплатено, а тие велат дека имаме долг, а и го промениле струјомерот.

Ма да струјомерот е истиот. Не тврдеме, не знаеме. Никој не не известил што се направиле. И сега тражат згора на се и уште пари од нас“ изјави за ТВ Стар УБавка Пешова и додаде:

„Не можеме да дојдем до некој да разјаснеме. Поднесе документ, и јас и синот и сопругот. Поднесов и жалба, но нема одгвор никаков.

Сега за неа најважното е како да си ги врати парите или пак за истата сума да искористи електрична енергија. Досега поднела куп документи, но одговор од ЕВН нема никаков.

За случајот од ЕВН велат дека постои, но и дека доколку е така Убавка нема да остане оштетена:

Броилото на корисникот е сменето при редовна процедура,а барањето во врска со претплатата е спроведено ,одговорија за ТВ Стар од ЕВН.

Иако ниту еден претплатник авансно не би требало да плаќа струја во пракса тоа не функционира и мнгу граѓани постојано се жалат, а случајот со Убавка е еден од нив.