(ФОТО) Апасиев се врати од Бугарија, па го прокажа „трофејот“ кој го донесе од Благоевград

Напладне во Благоевград беше отворен македонскиот културен центар кој го носи името на Никола Вапцаров.

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, во Благоевград претседателот на Левица – Димитар Апасиев бил физички на паднат од бугарски уфрлен шови нист, објави од Левица.

-Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски ф ашистички маршеви, за потоа да се истакнуваат и фаш истички симболи.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!

Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија”, велат од партијата.

Апасиев вечерва се врати од Бугарија, па објави фотографија од кафана на која позира со усб-то кое што го одзеде и притоа напиша:

На чист б’лгарски јазик, флашка значело УСБ. Епа, “флашката” со фаши стичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата е прописно форматирана