(ФОТО) Горан Пандев јасно порача што мисли за селекторот Милевски по изјавата што ја даде

Македонија со нов тежок пораз го заврши настапот во Лигата на нациите, овојпат на домашен терен од Бугарија со 0-1.

По мечот селекторо Боби Милевски со својата изјава остави многумина без текст, а меѓу другото кажа:

Тоа што го одигравме во квалификациите за СП и баражите е зад нас, но ни дава за право да кажеме дека сме на добар пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма.

Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Без разлика на тоа со Грузиај одигравме добар натпревар, морам да кажам и вечерва по се тоа што се случи момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна.

Во овие момци има потенцијал Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во квалификациит заЕП. Мора да размислиме за тоа кој се ќе игра во следните пријателски натпревари кои што ни следат. “, вели Милевски.

Милевски дополнува дека најголем проблем е тоа што голем дел од репрезентативците немаат минутажа во своите клубови.

„Фудбалерите се истите кои играа во топ лиги и со силна минутажа. Периодот изминат е таков каков што е. Што се вика до вчера некои играчи се со мала минутажа.

Некои штотуку најдоа клуб, некои се уште се без клуб или што се вели вчера најдоа. Тоа е реалната ситуација и затоа нема што да им замерам на момците.

Друго е да играш со репрезентации како Грузија и Бугарија, а друго е да дојдеш со 15 или 20 минути и да одиграш вака како што одиграа момците.

Ќе ги анализираме моментите бидејќи повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичка неподготвеност. Имаме време до март и имаме време да се надеваме дека момците ќе се наметнат во своите клубови“, додава Милевски.

На оваа негова изјава, со реакција преку својот профил на Инстаграм се огласи Горан Пандев, најдобриот фудбалер на сите времиња. Популарниот Гоче ги објави зборовите на Милевски и стави три емоции кои отсликуваат да молчи, односно да ја затвори устата.