(ФОТО) До вчера шетавме по кратки ракави, а денес заварна првиот снег во Македонија

Влеговме во месец ноември, а буквално до вчера одевме по кратки ракави со оглед високите температури за овој дел од годината.

Иако сме веќе во длабока есен, сончевото и топло време повеќе наликуваше на пролет, но се чини тоа веќе заврши.

Имено утрово заварна првиот снег на територијат на Македонија и температурите осетно се спуштија.

Имено првата снежна покривка ја имаме на надморска височина од 2601 метри.

Станува збор за врвот Антена на Пелистер. Додека во градот Битола времето е дождливо и температурите се до 12 Целзиусови степени.