(ФОТО) Душко Чифлиганец со српско знаме и дрес на себе во Катар од стадион ја бодреше Србија

Ванчо Чифлиганец важи за еден од најпознатите македонски бизнисмени кој пред извесен период се реши својот бизнис да го пресели во соседна Србија.

Гените за бизнис очигледно ги наследил и неговиот син Душко кој продолжува по неговите стапки, но и има уште една своја професија.

Семејството Чифлиганец веќе 18 години се занимава со градежништво, поточно висока градба како примарен бизнис, а пред десетина години Душко Чифлиганец се запиша и студираше Економија и бизнис на универзитет во Дубаи.

Тој е заменик претседател на Адора Инженеринг, а пред неколку години беше избран и за млад менаџер на годината на изборот за „Маж на годината 2018“.

Актуелно перидов е светското првенство во фудбал, а натпреварот помеѓу Србија и Бразил заврши со пораз од 2:0 за Србија.

На стадионот „Лусаил Иконик“ во Лусаил Сити имаше околу 88.000 гледачи, а еден ги изненади сите. Овој млад господин дојде од Северна Македонија (неговата родна земја) во Катар за да ги поддржи српските фудбалери, обвиен во две знамиња, српско и македонско, сошиени заедно.

Станува збор за младиот Душко Чифлиганец кој љубовта кон Србија ја има уште од дете поради неговите родители кои се запознале додека студирале во Белград.

Неговото семејство раководи со една од најуспешните компании во Македонија (Адора Бизнис Груп), од неодамна работат и во Србија, а тој раководи со инвестицијата во Златибор, каде што го гради луксузниот хотелски комплекс.