(ФОТО) Нема да верувата од што направи мед Фросина Ременски: Иако е комплицирана постапка успеав со многу труд

Поранешната македонска министерка Фросина Ременски повторно на својот фејсбук профил сподели една домаќинска работа:

Баба-Анеткината јаболка на Ременските ниви во с.Ратево, стара повеќе од 100 години даде род и за гледање и за јадење.

Таа убавина, недопрената природа и јаболките се извор на живот и лек за секоја лоша мисла или бол ест кај вредни луѓе полни со вера и љубов.

Кога се прашував што да подготвам од овој извор на здравје и љубов, се сетив дека мора тоа да биде нешто како производ од пчела, зошто само пчелата ги обединува љубовта, трудот, здравјето и мед

Успеав со многу труд (копмлицираната постапка) да подготвам деликатес кој го нареков: Анеткин јаболков мед

Додека ја спремав „технологијата“ прочитав дека, такво нешто (јаболков мед) постои на некои балкански пазари, но заради реткоста на деликатесот и бараноста како лек е многу редок и скап во својата изворна форма. Го наредуваат слатка инфузија или имуно пекмез (џем што не е џем).

Има многу здравствени придобивки, меѓу кои (од тоа што кратко прочитав):

Го јакне имунолошкиот систем – извор на витамин Ц, други витамини и минерали; Го регулира шеќерот во кр вта – затоа што нема додаток на никако шеќер или други засладувачи;

Ја прочистува и подобрува к рвната слика – извор на железо и минерали; Ги намалува холестеролот и триглицеридите; Смирува и лечи секаков вид на кашлица; Го чисти и регенерира црниот дроб;

Ги надокнадува сите изгубени витамини и минерали при бо лест и слаба исхрана. Прочитав дека луѓе од сите религии и нации се согласни околу овој бенефик

Оваа медицинска декларација не е моја, но можам да ја потврдам од едномесечна употреба на анеткиниот јаболков мед во моето семејство

Го конзумираме како додаток во природни, растителни чаеви (две чајни лажици) или млака вода со половина лажичка пчелин мед (сојузник) од Ременската гора.

Ова не го пробувајте со јаболки од пазар третирани на било каков начин.Користете исклучиво јаболки од недопрена природа за кои знаете дека освен птица, гасеница, црвче, јазовец, лисица, пчела и оса не е допрена од ништо. Таа љубов му го дава квалитетот

Од 35 литри чист сок од мелени јаболка (без семки, но со лупка) цеден низ медицинска газа излегува 3,5 кг јаболков мед, подготвен на тивок оган

Може и раЧија да се испече од јаб’ките, ама са за саа таа технологија ми е несовладана . Многу труд за мало количество здравје и љубов.