(ФОТО) Премиерот Димитар Ковачевски за првпат јавно го покажа својот син

Фудбалската репрезентација на Македонија има егал на полувремето со Азербејџан (1-1), во пресметката од ноемврискиот циклус на пријателски.

Натпреварот на националната арена „Тодор Проески“ тргна во знакот на „рисовите“ кои влегоа добро и поведоа, меѓутоа гостите се консолидираа и дојдоа до израмнувачки погодок пред паузата.

На овој втор тест во ноември селекторот Благоја Милевски не можеше да смета на Езџан Алиоски и Бојан Миовски кои отпаднаа од комбинација.

Помеѓу малубројните публика на стадионот беше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој за првпат во јавноста го покажа својот син:

Огромно задоволство беше денеска да се навива за нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Азербејџан.

Честитки и од мене и од мојот син за целата екипа, за пож ртвуваната игра.