(ФОТО) Стојанче Ангелов се огласи утрово: Од разрикан лав се претвори во размјаукано маче

Како лавот Македон стана маче. Јавна личност сум и можам да поднесам секакви напади врз мене. Но крајно нечовечно е’, во пресметките со мене или со било која друга јавна личност, да се меша семејството.

Што им погрешиле нашите семејства на дежурните мразачи, полни со фрустрации, отров и ом раза. Мразачи кои вообичаено се обични плашливи кукавици, скриени зад тастатура.

Да биде зл ото поголемо, борејќи се за читаност, интернет магазините воопшто не внимаваат како ги пласираат нивните вести.

Вообичаена тактика е да стават навредлив или провокативен наслов додека текстот под насловот најчесто е коректен за да избегнат тужби. За жал, денес ретко кој чита повеќе од наслов.

Затоа апелирам до сите интернет медиуми да бидат внимателни при пласирање на вести особено при бирањето на наслов. Бидејки пов редуваат луѓе. Повр едуваат нечии родители, жени и деца.

Кукавицата од скриншотовите долу напиша вулг арен коментар за мојата сопруга на ФБ страната на еден портал. Без да мешам институции само побарав да ми се јави на телефон.

10 минути подоцна се стопи храброста на големиот и храбар Македон и од разрикан лав се претвори во размјаукано маче.

Сосем за крај, дали било кој од вас очекува, доколку загусти, овој гад, овој нечовек, но и многу слични на него да се борат и да ја бранат татковината?