Шан и Паул од Велика Британија за една седмица престој во Македонија научиле 11 наши песни да ги свират и пеат

Шан Филипс и Паул Шервут од Велика Британија за само една недела престој во Македонија, научиле 11 стари македонски песни и ора. Тие патуваат низ Балканот и се запознаваат со музичката традиција на луѓето кои живеат на овие простори.

„Добив грант и среќна сум што можев да добијам грант, што го искристив за доаѓање овде. Среќна сум што можев да научам 11 македонски песни и ора, компетно со нивната орнаментика и нивните спцифики, што ги прави различни од останатите. Ова е наше лично музичко надоградување во кое ја откриваме балканската музика“, вели Шан Филипс.

Особено им се допаѓа, најпознатата песна од велешкиот крај, „Сербез Донка“.

„Неколку дена ја учевме Сербез Донка, но ја имавме слушнато и претходно. Станува збор за многу убава и весела песна. Исто така учевме да свириме и на традиционални инструменти, јас на кавал, а мојот партнер Паул на гајда.

Ја разбирам содржината на песната. Станува збор за убава приказна“, додава таа.

А, за песната „Збогум мила“ од Никола Бадев, вели дека ја потсетува на песни од нејзиниот крај, бидејќи била побавна и имала повеќе емоции.

Со Шан која е професионален хармоникаш, а Шервут, професор по хемиско инжинерство во Велес работеа, професионалните музичари Стојан и Филип.

„Работилницата беше наменета пред се за изучување на традиционалниот инструмент кавал, каде што работевме напредна техника, или како што велат тие, мастер клас напредни техники на свирење. Задоволни сме од тоа што го постигнавме, има ефект“, вели Филип Арулан, изведувач на традиционални музички инструменти

„Особено сум горд на ентузијазмот што го имаат за учење на нашата музика и на нашиот фолклор.

Желбата колку тоа пасионирано ги совладуваат орнаментите, напредните техники, не само едноставната мелодија туку посебно внимание посветуваат, како да ги отсвират нашите орнаметации, нашите трилери што ги имаме“, вели Стојан Стојанов, професионален музичар.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Гласот на Америка на македонски јазик.