Авион на „Визер“ кој полетал од Германија за Македонија принудно слетал во Италија

Како што е познато нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ е најголеми авиопревозник од и до Македонија со години наназад.

Особено чести и бројни се линиите кон западно европските држави каде што живеат голем број Македонци, а тука пред се се мисли на Германија.

Токму многумина нашинци во оваа држава, како и нивни блиски роднини ја користат „Визер“ при патување.

Попладневно ни пристигна вест која вели дека еден од авионите на „Визер“ кој летал на реалција Германија – Македонија кон Охрид не пристигнал.

Авионот на „Визер“, кој денес полетал од Дортмунд, Германија, место во Охрид, принудно слета во Венеција, Италија.

Како што се наведува на пат кон Охрид пилотот побарал итно да слета во Венеција.

Принудното слетување го регистрира „Флајтрадар“ преку чии апликации во живо се следи авионскиот сообраќај.

Засега не се познати повеќе причини и се очекува наскоро од компанијата да излезат со детали.