Александар: Мојот занает е господински и добро платен, тие на компјутери нека му ја мислат

Сè повеќе има занaети кои се во фаза на изчезнување и во кои има недостаток на работници. Во моментов, една група на занаетчии е особено барана, а доколку го имате овој занает во ваши раце, вашата плата може достигне неколку илјади евра.

Александар Чоловиќ се занимава со заварување повеќе од 20 години, а своето знаење и завидни вештини им ги пренел на многумина.

Тој вели дека заварувачите можат да заработуваат месечни пари со кои на себе и на своите семејства ќе им обезбедат удобен живот.

Фирма која се занимава со некое посериозно заварување е доста повеќе платено, таму платите се од 1.000 до 2.000 евра, зависи и од умешноста на заварувачот, што се однесува до Западот е 2-3 пати повеќе“, вели Александар Чоловиќ.

Заварувачот е господин кој живее од својата напорна работа, каде што заварувачите не трпат тешка физичка работа и се целосно заштитени.

„ Заварувањето не е физички напорна работа, тоа е малку ментално тешко, бидејќи се гледа во една точка низ маската за целото работно време, без разлика колку долго трае.

,, Голем процент од луѓето се пла шат од некои бо лести кои доаѓаат со оваа работа, но во 21 век во кој живееме, има опрема каде што човекот е толку заштитен што тој што стои зад лаптопот во канцеларија е во поголем проблем од заварувачот, па нека му ја мислат тие, вели Чоловиќ.

„Во стручните училишта го реазлираме практичниот дел од предавањето на идните заварувачи и ги насочуваме го овој занает, вели Александар.

Постојано се зборува дека ни недостасуваат 15.000 висококвалификувани програмери, а за занаетите малку се зборува иако се уште има луѓе кои се одлични во својата работа.

„Одлучив да се занимавам со оваа работа пред се затоа што ми се допаѓа оваа работа, ми е интересна и секако дека е добро платена“, вели еден заварувач.

„Случајно се најдов во оваа работа, а подоцна се заљубив во неа кога сфатив колку е широк просторот, што е заварено околу нас и што може да се заварува“, додава друг заварувач.

Заварувањето е работа која покрај добрата плата ви нуди и можност за креативност, а секако во последно време голем број жени се одлучиле за ваков вид на занимање.