Ален и Азра живеат со само 70 евра месечно, без храна, струја и основни услови за живот

Животот често знае да биде суров и да ги покаже сите свои лоши страни, за жал среќата на некому го врти грбот и останува без основното.

Кога зборуваме за основно велиме да се има барем покрив над глава и да се има парче леб во уста, но некој не го имаат ниту тоа.

Ален Алиќ и неговата невенчана сопруга Азра Дедиќ живеат во БиХ во многу тешки услови, во барака без струја и вода и нехумани услови.

Ален и Азра живеат со 140 км (70 евра) што ги добива Алиќ, а сето тоа оди на лекарства. Апелот за помош го испратил соседот Самир Касумовиќ, кој е единствената врска со несреќните луѓе, пренесува Српскаинфо.

Се капат надвор, бидејќи во зградата има неупотреблива бања, а сега во зима особено им е најтешко, на овие минусни температури.

Немаат пари за дрва а со тоа остануваат и премрзнати, и да имаат дрва тие немаат ниту функционален шпорет, што претставува уште еден проблем.

– Драги наши пријатели, сограѓани, отвораме апел за помош на Ален Алиќ и неговата невенчана сопруга Азра Дедиќ. Ален е во барака која не е погодна за живеење.

– Нема струја, нема вода, живее во влага и е многу болен. Има вкупни приходи од само 140 км, од кои речиси сите ги троши на лекови.

– Затоа, драги молам, одговорете на овој апел за помош да му помогнете на овој човек. Благодарам – пишува во апелот упатен во јавноста.