Ала од прилепско: Сакам да го донесам внукот од Украина овде, ве молам помогнете ми

Пред 22 години Ала Илиеска од Украина се запознава со нејзината најголема љубов а сега пок оен Душан, ја прифатил со три деца и ги сакал како свои, и се преселила во прилепско Кадино.

За многу семејства 24 февруари е црн и не среќен ден. За Ала можеби најцрн иако, тоа е денот кога е роден Јегор нејзиниот внук и кој се подготвувал да го прослави со друштво роденденот.

Но, наместо музика, во ени сирени и не мили настани ќе го зачинат неговиот ден, но, и ќе го спречат бидејќи тој ден тој полни 18 години, заедно со помалото братче Никита да се качи во воз и да ја напушти небезбедната зона.

Јегор е сеуште во Украина, гладен и премрзнат.  Ала нема сон и секој ден се моли за неговиот живот, како што вели ние е на небо ниту на земја.

До пред три години Ала била на релација Украина – Македонија. Нејзиниот внук Никита, пет дена патува по возовите со непознати по Полска, за на крај да стигне овде.

Оваа храбра мајка и баба бара средства да го донесе својот внук Јегор овде, бидејќи во Украина веќе долг период е премрзнат, прегладнет и во неизвесност.

– Внукот Никита, успеа да дојде во Македонија, од Украина преку Полска патувал целу пет дена без да знае никој и дојде овде.

– Другиот внук Јегор ми е заглавен таму, сакам да го донесам, тој се обидел да дојде но на граница бил задржан, многу ми е тешко за него.

– Овде во куќата живеам со мојата ќерка и внук, ќерката дојде пред еден месец од Украина, вели Ала пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Живевме долго во Украина со сопругот, но моравме да се вратиме овде бидејќи мајка му не беше добра и мораше некој да се грижи за неа.

– Откако дојдовме тука, по извесно време сопругот замина на печалба во Хрватска и само два- три дена откако замина тој таму по чина.

– За Никита ми побараа 1000 евра да го донесат од Полска, јас ги немам тие пари, па потоа собрав 600 евра и со помош на една агенција го донесов овде.

– Додека Јегор не го пуштија да си дојде бидејќи луѓето од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат државата, сакам да го донесам овде вели Алла.

– Јас овде од приход имам само 11.000 денари од сопругот пензија. Не останува ништо, се запишувам во продавницата, работам и како аргат.

– Неопходно ми е ќерката да се вработи овде, таа сака да работи но нема државјанство и не ја примаат никаде, додава Илиеска.

– Зимото веќе навлезе а јас дрва немам, ако ми даде некој ќе имам, ми помагаат некој соседи. Сум помагала кога сум имала секогаш, се надевам дека има хумани луѓе.

Доколку сакате да и помогнете на Алла и нејзиното семејство на било како начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 599 536 или на трансакциската сметка 320500032004258 Алла Илиеска