Ана: Речиси цела источна Македонија оди во Италија да садат и берат плодови и спијат на купче во една соба по десет души

Ана Глигорова со својата објава на фејсбук привлече големо внимание, а во истата вели:

Напуштаат своја плодна земја за да садат и берат плодови во Италија, речиси цела источна Македонија.

Спијат на купче во една соба и по десет души, а имале своја соба дома. Земјата запустена, понекој повозрасен земјоделец ја обработува си тага во очите, мислејќи за иселените деца.

Напуштаат свои станови, ги продаваат и се населуваат по западни држави, плаќаат солени рати за нов стан, плаќаат големи даноци, ја мразат сопствената земја, забораваат на детството, спомените, животот.

По пусти пари. За пусти пари. Со надеж дека децата утре ќе бидат Германци, Канаѓани,Данци, Американци,…Целиот живот ќе го жрт вуваат бегајќи од сиромашната земја, која ниту била со неплодна почва, енергетски ресурси, ниту била пренаселена како Бангладеш.

Малку е потребно, свест и совест, да се дигне оваа забит. Лоповите не дозволија инфраструктура, земјоделство, енергетика, стопанство…

Треба да се тргнат лоповите од плодната земја, нема потреба сите до еден да си одиме.