Ангела, Александар и Лазар живеат без бања, вода и струја, сонуваат само за едно

Во едно село во близина на Крушевац живее семејството Милојевиќ, кое го сочинуваат мајката Татјана, таткото Зоран, ќерката Ангела и синовите Александар и Лазар.

Тешките услови во кои живеат овие деца ве оставаат без зборови, а кога ќе ги погледнете нивните лица се ќе ви биде јасно.

-Без бања, се капеме во корито, без кујна, струја и вода, некако преживуваме – се зборовите на мајката на Татјана, која е единствената вработена во семејството.

Недоволниот број кревети не им остава избор, па сите спијат во една соба која ретко може да ја загреат и да се зграт во овие студени денови.

Гордоста и радоста доаѓа од Ангела, која осум години се занимава со карате и е актуелен државен шампион, а како што вели спортот и е прва љубов и сака да продолжи да освојува медали.

Лазар, најмалото дете, само сака повторно да види и да тргне по стапките на својата сестра. Го чека втора оп ерација на страбизам и е последната надеж за враќање на видот, што му отежнува нормалното растење.

Александар, неговиот постар брат, го поминува поголемиот дел од времето со него и секојдневно му помага да се чувствува помалку беспомошно поради неговиот здравствен проблем.

Најубавиот подарок што можеме да му го дадеме на детето е љубовта, а во ова семејство тоа е единственото нешто што не им недостига.

Фондацијата „Покрени Живот“ започна акција за помош за изградба на куќа за семејството Милојевиќ, каде што најмалите ќе можат да имаат безгрижно детство.