Анета Наковска изненадена од македонски маркет: Гледам и почнува да ми се лоши

Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енеегија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.

Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.

Освен тоа, секојдневно е активна на социјалните мрежи каде што знае низ статус да го изрази своето мислење во врска со некоја тема, па така и овојпат се огласи на Фејсбук:

Значи, во Кам маркет,во моја земја,којашто постои од памтивек и се вика Македонија,како што е и во самата Библија спомната во повеке наврати,се продаваат производи со декларација искучиво на Албански јазик,

Гледам и почнува да ми се лоши од се што веќе кулминира во смисла на негација на Македонскиот народ и Македонскиот идентитет,а воздигнување на овие што вечно кукаа дека се обесправени,а ни се буквално газди коишто ни ја држат во заложништво родената земја!!

А што е најтрагично,ние освен Македонија друга земја немаме,а тие си имаат…

Македонски народе,ние да си поспиеме уште малку а?Па кога ке се разбудиме можеби и ќе ни биде забранет за зборување мајчиниот ни јазик,од овие,”кутрите обесправени”!!