Анета Наковска: Ме фаќа тешка носталгија – пред да дојдат дивите да ни уништат се што е наше

Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.

Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.

Инаку, освен што е одлична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги години е во брак. Спиро инаку живее во САД па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Македонија.

Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.

Наковска доста е активна на социјалните мрежи, каде освен фотографии знае да сподели и свои ставови во врска со било која тема од секојдневието.

Така, овојпат на Фејсбук сподели спомен од стара емисија емитувана на МРТ за која напиша:

Ме фаќа тешка носталгија за добрите стари времиња кога нашиот национален сервис,Мртв правеше вакви квалитетни емисиј,пред да додат дивите и да ни уништат се што е наше останато од памтивек…

но овие песни ќе останат да се пренесуваат на поколенија,неможат да ни одземат баш се…