Ацо од кочанско низ солзи: Ова не е живот, парите само за лекови ги давам, за јадење немам – децата се срамата од нас

Ацо Јованов е 60 годишен човек кој поголемиот дел од животот го минал во сиромаштија. Брзо му минуваат годините, но денот му бил вечен.

Сепак во минатото додека бил здрав можел и да заработува, со тоа и да се прехранува, но, натежки му се последните години во кои ниту тој, ниту сопругата не се способни за работи, а минималната помош не е доволна ниту за лекарствата кои мораат да ги купат.

Ацо пред многу години штом се вратил од во јска ја жени Стојка, сосетката која живеела две куќи под неговата. Очигледно и голема љубов штом и покрај сите перипетии остануваат заедно сиве овие години.

Од таа љубов имаат четири деца. На тежок начин ги образува и прехранува. Доказ е тоа е и куќата во која дошол домазет стара 101 година во која не успеал ништо да реновира сите овие години во бо рба да се прехрани. Малку посилен дожд или снег вели Аце и тој и Стојка заедно со sинот Кристијан кој живее со нив ќе бидат под рушевини.

Зашто и покрај тоа што освен кревет, маса и стара комода во оваа мала прашлива соба нема ништо друго. Ниту стабилни ѕидови, ниту патос, ниту соодветен прозорец, ниту светлина.

А, таа темно и разочарано се чувствуваат и сите кои живеат во овој дом. Посебно младиот Кристијан кој поради здравствени причини останал без работа и сега н може повторно да се снајде. А, неговата плата многу би му значела на ова семејство за да преживее.

„Куќата ми е распадната, немам ни пари за лекови, молам ако може да ми се помогне нешто. Јас пред две години имав удар, сопругата е оперрирана од ту мор, а синот од кила и сите тројца сме бо лни, не може да работиме. Социјално зимам 7300, тоа е се, и за јадење и за сметки и за лекови.

Еве гледате какво ми е куќата, кога врне ставам мушами и кофи за да ја собираат водат. Ако падне поголем снег, се ќе падне. Куќата е стара 101 година“ вели Ацо за „Срце на дланка“.

Ацо од дете ја знае својата сопруга Стојка. Не само што се од истото село, туку и живеел две три куќи над нејзината. И, можеби уште од дете развивал симпатии кон неа, но, храброста да ја побара за жена ја добива дури подоцна, па, после таа одлука се преселува и во нејзината куа каде останува до денес.

Сепак, имало и убави моменти на живот. Раѓање на четири деца, нивно школување, работење и понормални услови за прехранување.

„Јас на времето работев, имавме колку да ја прехраневме фамилијата. Но откако добив мозочен уд ар повеќе не можам да работам. Лежев во болница една недела во Кочани. Платив 4900 денари, пари кои ги плати директорот на поштата. Требаше да одам за Штип на болница, но немам пари.

Само јас за лекови давам 8000 денари. Детето ми даде минатиот месец 1000 денари, но овој нема. Парите само за лекови ги даваме. Сопругата освен ту мор има и шеќер. Ова не е живот“.

„Ако ми дадат, ако се смилув некој храна ќе имама, ако не ќе трпам, што ќе правам. Ако има ќе купам леб, ако не нема. Еднаш кога децата беа мали и по 10 дена немаше леб, па комшиити ни даваа. Така ги израснав.“

Сепак останувањето без работа, годините што следат ќе направат ова семејство буквално да проси за леб. Кога децата пораснале колку можеле помагале, плаќале сметки, но ќерките се мажат, а синовите остануваат без работа.

А, капак на се е и влошената здравствена состојба на Стојка, Ацо и синот Кристијан кој само последната година повеќе биле во болница отколку дома.

„Животото ни стана тешко откако децата ни пораснаа. Женските се омажија, нема кој да не поддржува. Машките се машки. Синот Кристијан сега бара работа, но нема, неможе да најде. Го опе рира во Кочани, но беше неуспешно, па ајде за Скопје повтоно. Не беше осигуран, па плати 30.000 денари“ вели сопругата Стојка.

Покрај честото гладување овој човек нема ниту соодветни услови во старта куќа. Ќерките вели тој чувствува дека се срамат да дојдат кај него на гости, ама и денот им минува тешко во ваков дом во кој освен маса, кревет еден телевизор нема ништо друго.

А, и да има се е старо и дотрајано уште од времето на нивните предци. Затоа единствена желба му е подостоинствен дом за синот, кој не би се срамел утре да донесе невеста дома.

„Помалата ќерка доаѓа, но поголемата со зетот еве пет години како се не доаѓа тука. Се срами, тој зетот е поучен, а и таа е поосетлива. Срам ја е, вика во што ќе дојдам, вика шаторите се поарни. Желба ни е куќата да се покрие, а да се направи уште подобро ќе биде“ заклучува Стојка.

Никогаш немојте да се оптварувате што рекле луѓто за вас. Имате своја приказна и испишувајте ја паметно. Водилки нека ви бидат само оние кои се вистински ликови во таа приказна. И кои ви подале рака кога ви била потребна.

И, кои ќе останат такви дури и кога ќе паднете или кога ќе бидете на врвот. Зашто сите ние сме на некој начин во кал. Само што многумина од нас гледаат во ѕвездите.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство може да се обратите на 077719212 или на нивната сметка:

Ако сакате да ја проследите емисијата во целот тоа може да го проследите тука.