Баба Аника во солзи: Ги изгледав од кило месо, а сега никој не сака врата да ми отвори

Баба Аника (85) пред една година ја загубила ќерката Лела, а не може да најде утеха за бо лката што ја чувствува, видно разочарана ја раскажува својата состојба.

„Лела го водеше домаќинството, никогаш не се омажи, мојот сопруг многу пиеше и таа го преживеа сето тоа, го гледаше.

Воопшто не сакаше да се мажи, сами се снаоѓавме, таа учеше и се снаоѓаше како знаеше и умееше, низ солзи и офкања ја започнува својата тажна приказна за ,,јуГмедиа” Аниkа Миловановиќ, галејќи ја фотографијата на Лела.

Осумдесет и петгодишната Аника никогаш животот не ја мазел, имала многу тешко детство во кое останала без татко, а од очувот била лошо третирана.

Некогаш, вели, била голема жена, денес се нарекува себеси маче ничка. Сама во четири ѕида, а секој агол од куќата зрачи со спомени од нејзината по којна ќерка.

И додека ни ги покажуваше своите фотографии, таа се присетува дека во далечната 1965 година дошла да живее кај Радомир, вдовец со две ќерки, низ солзи вели дека денес нема кој да и отвори врата, да ја праша дали го испила лекот, да каже збор.

,, Јас се грижев за неговата осуммесечна ќерка и ја сакав како свое дете. Никогаш не ги одвојував од моите деца, згора на тоа, најмногу ги сожалив, затоа што мајка им ја загубиле, ги изгледав од кило месо.

Баба Аника денес живее со 24.000 динари( 12.000 денари) од пензијата на нејзиниот сопруг, во станот што ѝ го оставил во аманет на по којната биолошка ќерка Лела, но приходите не и биле доволни да ги покрие трошоците за зако п, па морала да се задолжи.

,, Една ќерка имам во Косово, друга имам во Америка, но ниту една од тие не дојде или да ме побара на телефон да праша како сум.

Моите деца се гордееја со мене и јас се гордеев со нив, но сега немам никој и ништо, имам внуци, нои тие имаат свои обврски, свој живот“, се жали баба Аника.

Не оди на лекар бидејќи нема со што да плати, и да отиде треба да плаќа такси, а таксито за нејзе е голем луксуз, а се уште го отплаќа и заемо за закопот на ќерка си.

Парите и требаат само за да си ги подмири долговите, додека од сра м го крие лицето со рацете, а за соседите вели дека иако е добра со сите, никој нема да ја посети.

„Никој нема да ме посети, да седиме навечер, не знам дали се плашат затоа што постојано зборувам за Лела, не барам ништо, да дојдат да разговараат, а добра сум со сите“. Остануваш сам и полуду ваш, ништо друго“, нагласува Аника.