Баба Добринка од Битола спие на бетон во некогашна стара болница: Ако некој ми даде леб ќе јадам, ако не со празен стомак си легнувам

Подолг временски период Добринка од Битола живее во никакви услови во центарот на Штип. Оставена сама на себе, спие на бетон, се прехранува ако граѓаните имаат милост да и дадат некој денар за леб.

Како што вел живот од просење нема, па секојдневно се моли за парче леб и шише вода. Нема соодветни документи и заради тоа не зема социјална помош, ниту пак има заштита од некаква институција.

Живеела и во Кавадарци, ама и оттаму се сели бидејќи немала можност да плаќа кирија.

„Живеам со просење, ама не може да се преживее. Барам јадење, или пари за јадење да купам, ете тоа. Порано добивав помош од институциите, сега не. Оти веќе немам документи. Живеев и во Кавадарци, а немав со што да платам.“ – вели Радунова.

Во Битола, Добринка живеела во старта куќа не нејзиниот вујко. Во Штип се преселила за подбро утре, ама како што раскажува пред камерите на М-Нет телевизија добила нов шамар од животот кој ја оставил да преживува просејќи на улица.

Нема ниту здравствена книшка за да посети доктор, пред неколку дена се пов редила а помош од никој не добила. Бара решавање на проблемот со документите за да може да добие социјална грижа и можност да оди на лекар.

„Дојдов за подобро, ама полошо е. Барам луѓето да ми помогнат со документите, да добијам книшка. Еве, некни паднав, а живеам сама, немам помош од никого“ – додава Радуова.

Добринка ноќите го поминува под кров во старото нервно одделение во Штип, а деновите во Трговскиот ценатр во Штип каде проси за да може да си купи леб. Додава ако има хумани граѓани кои се расположени ќе има за јадење, ако не спие со празен стомак.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.