Баба Ружа од штипско на 73 години веќе 4 месеци живее без струја – зошто така решил син и

Четири месеци , 73-годишната Ружа Пешова од Козјак ја живее ка зната од својот син кој одлучил да и’ ја прекине струјата.

Образложение за постапката и мајчиниот гр ев за ваква казна Руже нема, зашто таа како мајка за синот направила се што се може.

„Не знам, не можам да замислам што е. Сум го чувала. Само сакам струја да ми пуштат, друго не ми треба. Овие четири месеци се сум со свеќи. Фриждерите што имаше нешто во нив, се исфрлив“ вели Ружа и додава:

Сега немам ништо. Ниту телевизор, ниту телефон нема каде да полнам.

Ни молбите ни солзите на мајката не биле доволни за синот да и’ ја пушти струјата , па Ружа живее во мрак, ма ка и страв, без ниту еден функционален апарат во домаќинството.

Мајката и синот живеат под ист покрив, но бушоните од мајчиниот дел се извадени и сокриени. Во обид да помогне и да ја намали родителската го лгота, се вклучил и братот на Ружа, но и неговите молби завршиле во празно.

„Јас му велам пушти и стурја, но тој вели не тоа не бива“ вели братото за Тв Стар.

И покрај сите напори зошто на Ружа ова и се случува, од синот одговор нема, бидејќи со него не успеавме да стапиме во контакт иако и тој живее во истата куќа.

За случајот на Ружа се заинтересираа и социјалните служби и невладини организации кои се занимаваат со семејна тортура. Оттаму најавија оформување на предмет и помош за мајката повторно да добија струја.